Достапни линкови

Времето денеска ќе биде променливо облачно


Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со повеќе сонце во јужните делови од земјата. Попладне облачноста насекаде ќе се зголеми и ќе има појава на краткотраен дожд, а на југоисток со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

Во четврток и петок ќе настапи стабилизирање на времето.

За време на викендот во попладневните часови ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи, а температурата полека ќе се покачува.

XS
SM
MD
LG