Достапни линкови

Најбогатиот бугарски бизнисмен уапсен во Белград


Познатиот бугарски бизнисмен Цветан Василев, по кого Бугарија има распишано меѓународна потерница, денеска и се предал на српската полиција во Белград. Василев во Бугарија е осомничен за сомнителни финансиски активности, кои доведоа до една од најголемите банкарски кризи во земјата. Василев, кој важи за најбогат Бугарин, е мнозински сопственк на „Корпоративната трговска банка“, врз која во јуни годинава контролата ја презеде бугарската држава. Од тогаш се запрени сите трансакции на банката и се блокирани сите нејзини сметки на кои имало над 3,7 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG