Достапни линкови

Граѓаните на Куманово сакаат чиста животна средина


Ниту Куманово, ниту околината не ги задоволуваат критериумите на чиста животна средина, коментираат жителите на овој град.

Граѓаните на Куманово секојдневно коментираат дека ниту градот, ниту околината не ги задоволуваат критериумите на чиста животна средина. Тие сметаат дека има недостатоци во воспитно-образовниот процес, дека свеста и совеста на луѓето се на ниско ниво, но и надлежните во државава имаат одговорност. Не ретко се забележува и лошата состојба на јавната депонија Краста, во атарот на селото Пчиња, недалеку од Куманово.

Во Македонија засега има само една лиценцирана депонија, тоа е во Скопје, Дрисла, а останатите се општински депонии.
Горјан Темелковски, анкетар.

За надминување на проблемот со управување со отпад во североисточниот регион, во Куманово беше спроведена втора анкета. Според анкетарите ангажирани за реализирање на дел од овој проект, кумановци се заинтересирани да живеат во чиста и здрава животна средина.

Луѓето сакаат да бидат анкетирани, сепак се работи за нивната животна околина. Ние ќе се стремиме депониите да се стават таму каде што во непосредна близина нема живеалишта и луѓето да не бидат оштетени.
Стефани Неделкова, анкетарка.

„Ова е вторпат да се прави анкета во Куманово како најголем центар во североисточниот регион за подигање на свеста на луѓето и запознавање со новиот систем за управување со отпад. Проектот е финансиран од Европската унија и во Македонија засега има само една лиценцирана депонија, тоа е во Скопје, Дрисла, а останатите се општински депонии. Меѓутоа не се по европско законодавство или систем што го запазува европскиот стандард“, вели анкетарот Горјан Темелковски.

Тој дадава дека откако ќе се направи анализа и од втората анкета, податоците ќе бидат показател според кој ќе се преземаат мерки за соодветно управување со отпад.

„Ова е прв чекор од проектот и е планирање на систем и имплементација дали населението би имало доволно средства да издржува таков систем,се предложува системот, се прават финансиски анализи на населението и на регионот, каде би била депонијата. Има можности за една регионална депонија за двата региони за североисточниот и источниот.“

РСЕ: Ќе биде ли Македонија чиста?

„Да се надеваме дека ќе биде и затоа ние најмногу се стремиме кон тоа“, велат запрашаните.

Анкетарката Стефани Неделкова додава дека кумановци прифаќаат да бидат анкетирани.

„Луѓето сакаат да бидат анкетирани, сепак се работи за нивната животна околина. Ние ќе се стремиме депониите да се стават таму каде што во непосредна близина нема живеалишта и луѓето да не бидат оштетени“, вели Неделкова.

Анкета за подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратешка оцена на животната средина за источниот и североисточниот регион освен во Куманово ќе се спроведе и во Штип.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG