Достапни линкови

Руски заем од над милијарда ипол долари за Белорусија


Руската влада одобри нацрт договор за државен заем од милијарда и 550 милиони долари за Белорусија. Според документот објавен на интернет страницата на руската влада, со заемот и се овозможува на Белорусија да го исплати нејзиниот државен долг и да ги исполни нејзините резерви со злато и странска валута. Враќањето на заемот ќе биде на 20 шестмесечни рати, а првата рата е планирана за 15 јануари 2019 година.

XS
SM
MD
LG