Достапни линкови

Русија ќе го зголеми военото присуство на Крим


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјавил денеска дека Русија треба да го зголеми своето воено присуство на Крим поради кризата во Украина. Распоредувањето на соодветен број војници на Крим е еден од нашите приоритети, ја цитира Итартас изјавата на Шојгу. Тој додал дека ситуацијата во Украина ескалирала и оти било зголемено присуството на странски сили во близина на руските граници.

XS
SM
MD
LG