Достапни линкови

Во парламентот на Украина доставен закон за специјален статус на источните региони


Украинскиот претседател Петро Порошенко предложи закон со кој им се дава така-наречен специјален статус на источните региони во Украина. Овој предлог е во рамките на напорите за окончување на конфликтот со про-руските сепаратисти. Според законот, регионите на Доњецк и Луганск би добиле право на самоуправа во наредните три години, а до крајот на годинава би се одржале предвремени локални избори. Предложен е и посебен закон за амнестија на бунтовниците.

XS
SM
MD
LG