Достапни линкови

САД бомбардирале цели на „Исламска држава“ кај Багдад


Американски воен претставник соопшти дека се бомбардирани цели на Исламската Држава во близина на Багдад, што е прв пат да бидат нападнати милитантите кај главниот град на Ирак. Американската Централна команда соопшти дека вчера и завчера се изведени два воздушни напада како поддршка на ирачките сили во близина на Синџар и југозападно од Багдад.

Нападите се дел од пошироката мисија наредена од претседателот Барак Обама, кој најави офанзива против Исламската држава.

Според Командата, во нападите се уништени 6 возила на милитантите и една нивна позиција од која ги напаѓале ирачките сили.

XS
SM
MD
LG