Достапни линкови

Дебата во Конгресот за вооружување на сириските бунтовници


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска ќе почне дебата околу легислативата за давање одобрение на претседателот Барак Обама за вооружување и обука на бунтовниците кои се противставуваат на милитантите на Исламската држава и на сириската влада. Републиканските законодавци открија една мерка, напишана со посредство на Белата Куќа, која би овозможила брзо овластување, но не и финансирање, односно дека Обама сака да се екипираат и обучуваат умерените сириски бунтовници.

XS
SM
MD
LG