Достапни линкови

Меркел: Русија мора да ги повлече трупите од Украина


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Русија мора да ги повлече своите трупи од Украина за да профункционира мировниот план. Таа во синоќешниот телефонски разговор му рекла на рускиот претседател Владимир Путин дека комплетно повлекување мора да го следи обезбедувањето на руско-украинската граница за спречување на борци и оружје да одат кон проруските сепаратисти во источна Украина.

Меркел исто така ги поздрави разговорите меѓу Русија, Украина и ЕУ за слободна трговија, повикувајќи ваквите трилатерални разговори да го решат прашањето за испораката на природен гас од Русија за Украина.

XS
SM
MD
LG