Достапни линкови

Повторно поплави на Балканот


Надојдените води во реките по поројните дождови во источниот дел на Србија ги поплавија патиштата и урнаа мостови и предизвика прекин на електричната енергија и телекомуникациската мрежа, при што неколку населени места останаа целосно изолирани. Петнаесет села во околината на градот Кладово, во близина на романската граница, се отсечени од светот, а околу 20 жители на едно село се блокирани и е невозможен пристапот до нив. Од Кладово синоќа биле евакуирани 370 луѓе, соопшти српското министерство за внатрешни работи. Вонредна состојба е прогласена во општините Кладово, Неготин и Мајданпек.

Две лица загинаа во поплавите во Словенија за време на викендот, а стотици луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во Хрватска.

Во големите поплави кои во мај го зафатија Балканот животот го загубија над 50 лица.

XS
SM
MD
LG