Достапни линкови

Небезбеден пристапот до тетовските училишта


Ученици во Тетово.

Ученици во Тетово.

Родителите од Тетово со години го алармираат дека учениците немаат безбедност кога одат и се враќаат од училиште.

Кобното враќање од училиште за осумгодишното дете во селото Слатино, кое беше прегазено од трактор, ја растревожи тетовската јавност бидејќи ова е црниот епилог од она што родителите со години го алармираат дека учениците немаат безбедност кога одат и се враќаат од училиште. И во овој трагичен случај, како што веќе предупредуваа родителите, вклучени се граѓани кои управуваат возила и со тоа ја загрозуваат безбедноста на учениците.

Враќајќи се од училиште со група други малолетници, детето било удрено со задното лево тркало од цистерната и здобило тешки телесни повреди. Со друго возило веднаш е пренесено во тетовската клиничка болница, но за жал веќе било предоцна.

Портпаролот на тетовската полиција, Марјан Јосифовски објаснува дека во Слатино ученикот бил прегазен на само педесетина метри по излегувањето од училиштето каде што се движел трактористот.

Тетово.

Тетово.

„Враќајќи се од училиште со група други малолетници, детето било удрено со задното лево тркало од цистерната и здобило тешки телесни повреди. Со друго возило веднаш е пренесено во тетовската клиничка болница, но за жал веќе било предоцна. Лекарите во болницата само ја констатирале смртта на детето“, вели Јосифовски.

Хусеин Багашов, член на еден од родителските одбори, вели таква потенцијална опасност ученик да биде прегазен од возило е многу голема и кај неколку училишта во Тетово. До училиштето Братство пристапот е отежнат, бидејќи веднаш до објектот функционира перална за возила.

Може да се забележи секојдневно присуство на голем број паркирани возила, на сообраќај кој е густ. Нашите деца тука треба да поминат или да ја преминат улицата од една на друга страна каде што ризикот е голем. Значи пристапните патишта до овие основни школи се никакви.

„Имаме две три критични точки, што двете школи се буквално на улица. Може да се забележи секојдневно присуство на голем број паркирани возила, на сообраќај кој е густ. Нашите деца тука треба да поминат или да ја преминат улицата од една на друга страна каде што ризикот е голем. Значи пристапните патишта до овие основни школи се никакви“, изјави Багашов.

Пред музичкото училиште, комби превозници го уништиле школскиот парк, бидејќи го користат како неформална станица. И директорката Симона Зафировска вели дека учениците со страв од возилата се движат кога доаѓаат и одат.

„Повеќе од 100 садници посадивме, за жал од тие дрвца повеќе ни д, како што гледате, нема. Стана една депонија и место коешто се користи за паркинг простор. Како ќе ги воспитуваме понатаму тие деца, како ќе ги едуцираме како да ја чуваат околината, како да ја чуваат средината во која што живеат“, се прашува директорката Зафировска.

Единствена превентивна мерка на родителите е да ги придружуваат учениците на училиште. И родители и претставниците на училиштата велат дека повеќе локални самоуправи ветувале, но не се справувиле со проблемот.

XS
SM
MD
LG