Достапни линкови

Бугарско - романски воздушни маневри


Министерството за одбрана на Бугарија денеска соопшти дека започнале заеднички бугарско-романски воени вежби „Син мост 2014“, во кои учествуваат припадници на воените воздухопловства на двете земји.

Тие ќе се одржуваат во две фази, овој и следниот месец, во воздушните пространства на двете држави. Главна цел е со воените вежби да се постигне подобра координираност и заедничка оперативност меѓу возухопловствата на Бугарија и на Романија, при прекугранични операции за контрола на авијацијата и обезбедувањето на воздушното пространство.

Во вежбите ќе бидат вклучени романски авиони-ловци МиГ-21 „Лансер“ и транспортно летало С-27Ј „Спартан“, како и бугарски МиГ-29 и еден „Спартан“.

XS
SM
MD
LG