Достапни линкови

logo-print

Македонија - ЕУ, разговори за клучните приоритети


Делегација на Генералниот Директорат за проширување на Европската Комисија предводена од Дејвид Кулен денеска во Секретаријатот за европски прашања одржа средба со тимот кој го координира процесот на европска интеграција кој го предводи вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.

Како што соопшти СЕП, се дискутирало за клучните приоритети на Македонија во областите на политичкиот дијалог, добрососедските односи, слободата на изразување во медиумите, судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, меѓуетничките односи, реформата на јавната администрација, билатерални односи и регионална соработка, изборната реформа, и активностите во однос на економските критериуми.

Посетата на делегацијата на Одделот за Западен Балкан при Генералниот директорат за проширување, се реализира непосредно пред објавувањето на новиот извештај за напредокот на Македонија.

XS
SM
MD
LG