Достапни линкови

Ева Копач мандатар за состав на нова влада на Полска


Полскиот претседател Бронислав Коморовски денеска ја наименува Ева Копач за мандатар за состав на новата влада откако премиерот Доналд Туск поднесе оставка бидејќи беше избран за нов претседател на Европскаиот совет. Копач вети дека ќе работи на составување на добра влада и тоа на само една година пред парламентарните избори во Полска. Туск треба да го замени сегашниот претседател на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј кон крајот на ноември годинава.

XS
SM
MD
LG