Достапни линкови

Хаменеи: САД побарале соработка со Иран


Иранскиот врховен верски лидер ајатолах Али Хамeнеи

Иранскиот врховен верски лидер ајатолах Али Хамeнеи

Иранскиот врховен верски лидер ајатолах Али Хамeнеи соопшти дека Техеран го одбил американското барање до Иран да соработува против милитантите на Исламската држава во Ирак и Сирија. Ова негово тврдење беше соопштено денеска откако тој ја напушти болницата по операција на простатата. Претходно, американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека не би било соодветно Иран да учествува на денешната конференција во Париз посветена на борбата против заканата од милитантите на Исламската држава. Заменик шефот на иранската дипломатија Хосеин Амир Абдоланија во врска со Париската конференција иронично забележал дека милитантите не можат да бидат победени без поддршка од владата на сирискиот претседател Башар ал Асад.

XS
SM
MD
LG