Достапни линкови

Македонија и Србија со заеднички дипломатски преставништва во некои земји


Македонија и Србија се пријателски земји, a заеднички интерес е билатералните односи да бидат колку е можно подобри. Србија ја поддржува европската иднина на Македонија. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, по денешната средба во Скопје со шефот на македонската ддипломатија Никола Попоски. Дачиќ и Попоски денеска потпишаа Спогодба за рационално користење на ресурсите во однос на заеднички дипломатско-конзуларните претставништва во странство. Се очекува најскоро да се дефинира на кои локации и во кои земји таа соработка е потребна и можна. Шефовите на дипломатиите на Србија и на Македонија најавија дека втората заедничка седница на владите на двете држави ќе се одржи во Скопје во октомври или ноември годинава.

XS
SM
MD
LG