Достапни линкови

Најмногу коментари за иселувањето од Македонија


Илустрација.

Илустрација.

Иселувањето од Македонија е најкоментирана тема на нашата интернет страница. Интерес кај читателите предизвикале и Појадокот на Мост и интервјуто со Зоран Заев.

„Старо е, ама е добро: кој ќе замине последен, молам да го угасне светлото. Ќе останат оние таканаречени споменици да говорат за едно мрачно минато на еден народ, на некои идни поколенија, со којзнае какво државјанство“. Ова го напишал Перо на нашата веб-страница коментирајќи по текстот во кој бројките за намалување на првачињата и воопшто на учениците во Македонија застрашувачки загрижуваат и болат.

Грујо и неговите претходници ја издемолираа државата и ја донесоа до просјачки стап.

Незабеган напишал дека секој може да се исели од оваа држава што секојдневно тоне и нема перспектива, освен за вмровците и за пензионерите, а еден наш Ром кој сега е тазе дојден, како што напишал, во Германија, пишува дека „Грујо и неговите претходници ја издемолираа државата и ја донесоа до просјачки стап“.

Тони од Виница напишал дека неговиот град е број еден по иселување, по некоја година само административците ќе останат, но и тие полека почнаа да бегаат, додава Тони. Петре забележува дека да може би се иселиле мнозинството Македонци, а на крај би останала Владата самата да владее со себе.

Греота за сиромашните од околината на Скопје кои нема да можат да вкусат малку од храната.

Податокот во нашиот прилог дека само за две години од земјава си заминале 280 лекари, испровоцирала некој наш слушател под име Правда од Прилеп да напише дека е нормално што си заминуваат кога им диктира „еден недооформен и без никакво познавање од здравството“ и дека во нашето здравство се вработуваат секакви лица, вели, „само да се партиски, не мора да се и со здравствена струка“.

По информацијата за петтиот по ред народен појадок на Камениот мост во Скопје, има многу коментари на нашата Фејсбук страница: Елми Либурна вели, „Греота за сиромашните од околината на Скопје кои нема да можат да вкусат малку од храната“, Нагиб Салаи напишал дека на популизмот му нема крај, а Кемо Хаџиќ вели: „А бе, Бранко е крив“.

Нашето неделно интервју со лидерот на СДСМ, Зоран Заев „собрало“ повеќе коментари на Фејсбук. Коле Капсар, на пример, напишал дека тој имал поголем рејтинг од Заев, а Владимир Чецков, меѓутоа, забележал: „Премногу е искрен за овој глуп и расипан народ. Паторот и братучедот сосе просветителите Миленко, Јанко и д-р Шлапас се по мерка на преродениот македонски менталитет. Е, па, уживајте во раскошна мизерија и пазете некој случајно да не ни го земе првото место“. Милошески Благоја смета дека „Ќе бидеме реш печени“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG