Достапни линкови

Камерон во посета на Шкотска


Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска ќе престојува во уште една посета на Шкотска пред историскиот референдум за независност што е закажан за 18 овој месец. Најавено е дека тој ќе ги предупреди граѓаните на Шкотска дека нивниот избор ќе биде засекогаш. „Нема враќање од ова. Нема прегласување. Ако Шкотска гласа за отцепување, тогаш Обединетото кралство ќе се подели и нашите патишта ќе се разделат заскогаш“, е пораката на Камерон. Голем број познати англиски личности, меѓу нив и фудбалерот Дејвид Бекам, се вклучија во петицијата во која тие велат дека би сакале Шкотска да остане во рамките на Обединетото Кралство.

XS
SM
MD
LG