Достапни линкови

logo-print

Левицата се врати на власт во Шведска


Фредрик Рајнфелд

Фредрик Рајнфелд

Блокот партии од левиот центар предводен од Социјалдемократите освои над 43 насто од гласовите на вчерашните параламентарни избори во Шведска. Конзервативната коалиција на премиерот Фредрик Рајнфелд доби 39 насто, додека екстремно десничарската партија Шведски демократи освои 13 од гласовите. Лидерот на социјадемократите Стефан Левен соопшти дека е подготвен да формира влада со сите демократски сили, но не и со екстремната десница која по силната антиимграциона политика стана третта политичка сила во земјата. Премиерот Рајнфелд го призна поразот и најави оставка на функцијата и на местото лидер на Умерената партија. Со тоа заврши осумгодишното владеење на неговата партија која се залагаше за помали даноци и пазарни реформи. Повеќето швеѓани сметаат дека даночните намалувања ќе го поткопа познатиот систем за социјална помош во земјата.

XS
SM
MD
LG