Достапни линкови

ХРВ: Руските деца со посебни потреби изложени на насилство


Во најновиот извештај на Хјуман рајтс воч се наведува дека скоро 30 насто од сите деца со посебни потреби во Русија живеат во државни сиропиталишта каде што биле изложени на насилство и негрижа. Во извештајот насловен „Напуштени од државата“ се оценува дека таквиот третман го оневозможува нивното лечење и развој. Исто така се додава дека повеќе од децата со посебни потреби биле прислни земени од своите семејства и сместени во специјални установи.

XS
SM
MD
LG