Достапни линкови

Делегација на Европската комисија во Скопје


Mинистерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски денеска ќе се сретне со делегација на Oдделот за Западен Балкан при Генералниот директорат на Европската комисија. Делегацијата ја предводи првиот човек во Директоратот за проширување на ЕК, задолжен за Македонија, Дејвид Кулен. Средбата, како што соопшти МНР, претставува можност за продлабочување на соработката со Европската комисија и директно информирање на одговорните за постигнувањата на Македонија во рамки на евроинтегративниот процес со очекување за брзо отпочнување на пристапните преговори. Оваа посета доаѓа неполн месец пред објавувањето на новиот извештај за напредокот на Македонија, најавено за 8 октомври во Брисел.

XS
SM
MD
LG