Достапни линкови

Дачиќ во посета на Македонија


Првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија. Според најавите тој ќе се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов, а ќе разговара и со министерот за надворешни рабпти Никола Попоски и со претседателот на Собранието, Трајко Вељановски.Од македонското МНР соопштија дека двајцата колеги ќе разговараат за актуелната состојба на билатералните односи и персшективите за нивно натамошно унапредување, како и за актуелните меѓународни теми.

XS
SM
MD
LG