Достапни линкови

Победа на опозициската левица на изборите во Шведска


Коалицијата на централно-левичарските партии победи на општите избори во Шведска, но не успеа да го добие парламентарното мнозинство. Социјалдемократите и две други опозициони партии, Зелените и левицата, освоија малку над 43 отсто од гласовите, наспроти 39 отсто за некои коалицијата на премиерот Фредрик Рајнфелд. Крајно екстремната десница против имиграцијата, Шведските демократи освоија нешто помалку од 13 отсто, со што станаа третата најголема партија. Но и покрај тоа, другите партии одбиваат да работат со нив. Овој резултат го означува крајот на осум годишната ера на намалување на даноците и пазарните политики на премиерот Фредрик Рајнфелд, кој исто така изјави дека ќе поднесе оставка како лидер на Конзервативната партија. Многу Швеѓани се загрижени дека даночните намалувања ја поткопаа благосостојбата во земјата.

XS
SM
MD
LG