Достапни линкови

САД светски шампиони во кошарка


Кошаркарската репрезентација на Србија не успеа да го освои златниот медал на Светското првенство во Мадрид, откако изгуби со 129-92 од репрезентацијата на Соединетите Држави. САД пак стигнаа до својот петти трофеј од светскиот шампионат, колку што има и Србија. Најефикасни во српскиот тим беа Немања Бјелица и Никола Калиниќ со по 18 поени, додека Богдан Богдановиќ постигна 15 поени. Американците во финалео ги предводеше Ирвинг со 26 поени, Џејмс Харден постигна 23, а Клеј Томсон и Кенет Фарид по 12. Илјадници српски фанови го следеа натпреварот на огромните видео бимови во главниот град Белград и други градови, а многу од нив парадираа по улиците со национални знамиња по натпреварот и покрај обилните врнежи и загубената игра. Европскиот шампион Франција го освои бронзениот медал со драматична победа од 95-93 над Литванија.

XS
SM
MD
LG