Достапни линкови

logo-print

Воени вежби во Западна Украина


Воени вежби кои вклучуваат 1.300 лица од 15 земји треба да почнат денеска во западна Украина. Пентагон соопшти дека 200 американски војници ќе учествуваат во годинашната вежба. Тоа ќе го одбележи правото на присуството на американските копнени сили во Украина од руската анексија на Крим во март и кризата што следеше. Вежбите ќе се одржат во следните десеттина во Јаворив, Украина, но нема да вклучуваат бојно гаѓање на оружје. Пентагон соопшти дека маневрите ќе ја зголемат интероперабилноста помеѓу САД, Украина и други земји учеснички, кои се движат од Канада во Шпанија и Латвија. На 14 септември, украинскиот министер за одбрана Валериј Хелетеј изјави дека дека некои земји членки на НАТО и доставуваат оружје на Украина за да ги опреми за борба против про-руските сепаратисти и да му кажат стоп на рускиот претседател Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG