Достапни линкови

logo-print

Абади нареди прекин на бомбардирањата врз станбени области во Ирак


Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади изјави дека и наредил на војската да престане со бомбардирањето на станбени области под контрола на милитантите на Исламската држава со цел да се заштититат цивилите. Абади изјави дека тој ја издал наредбата на 11 септември, но вети дека ќе продолжат воените операции против милитантите кои заземаа големи делови од северниот и западниот дел на Ирак. Војниците на ирачката влада, со поддршка на воените авиони на Соединетите Држави, ги засилија своите воени операции во последниве недели против милитантите на Исламската држава и сојузничката сунитска милиција. Во текот на изминатата недела, контраофанзивата на владата се прошири од северен Ирак до провинцијата Анбар, со фокус на борбите во Рамади и Фалуџа. Владата на Абади беше одобрена од парламентот на 8 септември, а во неа се вклучени и Курдите и Сунитите во обид да се намалат секташките тензии и да се формира обединет фронт против милитантите.

XS
SM
MD
LG