Достапни линкови

Струшкиот градоначалник незадоволен од владината поддршка


Амбасадорот на Хрватска во Македонија, Златко Камариќ, се сретна со градоначалникот на Струга Зиадин Села.

Амбасадорот на Хрватска во Македонија, Златко Камариќ, се сретна со градоначалникот на Струга Зиадин Села.

Зошто во Струга нема никаква инвестиција од централниот буџет, а во Охрид има и зошто од Струга се одземаат пари за инвестиција која е направена во Охрид, се жали струшкиот градоначалник Зиадин Села.

Македонија не е само Охрид и Скопје, Македонија има многу убави места како што се Берово, Попова Шапка или Струга кои би биле интересни за хрватските туристи, вели амбасадорот на Хрватска во Македонија, Златко Камариќ. Според него и државата и локалните власти треба да дадат потстрек за тоа. Тој вели дека Струга не е приватна работа бидејќи луѓето кои живеат во неа сакаат поубав и поквалитетен живот и од туризмот.

Градоначалникот Села покажува интерес на мапата на Македонија да биде и Струга. Тоа не е приватна работа, туку тоа е во интерес на неколку илјади граѓани кои сакаат животот да им биде подобар и поквалитетен.
Струга.

Струга.

„Градоначалникот Села покажува интерес на мапата на Македонија да биде и Струга. Тоа не е приватна работа, туку тоа е во интерес на неколку илјади граѓани кои сакаат животот да им биде подобар и поквалитетен, а граѓаните со уживање да живеат во овој преубав град. Тоа треба да биде мотив и за сите градоначалници сите ресурси со кои располагаат да ги стават во функција на туризмот. Јас се вљубив во Попова Шапка и мислам дека тоа е едно од најубавите скијачки места во Европа, но со ваква инфраструктура тешко може да го добиете кој било турист“, рече Крамариќ.

Зошто треба да се донесам во ситуација цело време да се жалам. Но од друга страна нема друго решение. Најголемото прашање треба да биде зошто во Струга нема никаква инвестиција од централниот буџет, а во Охрид има.

Неколку години постои идеја да се отворат чартер авионски летови од Охрид до Дубровник или Сплит, но од тоа барем засега нема ништо. Крамариќ уште рече дека 25 илјади македонски туристи кои доаѓале во Хрватска на одмор била премала бројка.

Зошто Струга ја нема толку многу на туристичката мапа на Македонија, вели струшкиот градоначалник Зијадин Села, одговорот треба да го дадат други. Интересот за Струга од страна на државата за разлика од Охрид е многу мал, вели Села.

„Зошто треба да се донесам во ситуација цело време да се жалам. Но од друга страна нема друго решение. Најголемото прашање треба да биде зошто во Струга нема никаква инвестиција од централниот буџет, а во Охрид има и зошто од Струга се одземаат пари за инвестиција која е направена во Охрид. Не сакам да кажам, но се гледа е тенденциозно работење на централната власт за да се оневозможи развивање на овој град. Разликата помеѓу Охрид и Струга не е случајна кога во изминатите години е инвестирано само во еден град, а ниту најмалку не е инвестирано во Струга“, рече Села.

Неодамна и потпретседателот на ХОТАМ, Крис Блажески, инаку менаџер на хотелот Дрим рече дека Струга ја нема на големите саеми низ Европа, за разлика од Охрид.

Села на хрватскиот амбасадор кој беше во посета на Струга му се пожали за одредени инвестиции кои не можел да ги реализира.

„Јас почнав да работам работи кои се во надлежност на централниот буџет. Тоа се два кружни текови за кои чекам уште дозвола да ми дадат, а сè со цел да се спасат човечки животи. На главната раскрсница во Струга, 15 години не работат семафорите, а се случија стотина сообраќајни незгоди. Мислам дека не е хуман таков однос на кој било политичар, бидејќи од таму поминуваат граѓани од сите националности и етнички заедници. Јас им велам дајте ми дозволи за два кружни токови јас сам ќе ја правам инвестицијата иако немаме вишок на пари“, рече Села.

XS
SM
MD
LG