Достапни линкови

logo-print

Продолжува борбата со поплавите во Хрватска, БиХ и Словенија


Борбата со поплавите во Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија продолжува и денеска, а нивото на реките по поројните дождови вчера се уште е опасно високо, јави Танјуг. Во Хрватска високо приливен бран го одмина градот Карловац и опасноста се помести од западните кон централните делови на земјата. Сега најзагрозен е реонот на градот Сисак, каде во следните десетина часа се очекува да се сретнат водите на надојдените реки Купа и Сава. За борба против поплавите се ангажирани 700 војници. Продолжува евакуацијата на болни луѓе од загрозените реони. Во северниот босански град Приједор се поплавени околу 250 станбени згради, но нивото на реката Сана постепено почнува да опаѓа. Населението продолжува да става вреќи со песок, а прави насипи и да ја испумпува водата од поплавените згради, а спасувачките екипи ги евакуираат со чамци жителите на поплавените подрачја. Во Словенија вчера и денеска беа поплавени околу илјада објекти, особено во централните и источните делови на земјата, а поројните дождови активирале над 240 свлечишта.

XS
SM
MD
LG