Достапни линкови

Единаесет луѓе се удавија во Пакистан


Единаесет луѓе се удавиле во Пакистан, меѓу кои и младоженец и две деца кога чамец за спасување во кој биле гостите од свадбата се превртел во провинцијата Пунџаб која е веќе зафатена од поплави. Несреќата се случила денеска, а агенциите јавуваат дека повеќето од 35 патници биле гости на свадбата и побарале да бидат пренесени на исламскиот свадбен прием. Властите соопштија дека 22 лица меѓу кои и невестата биле спасени. Потрагата по двајцата исчезнати патници се уште е во тек.

XS
SM
MD
LG