Достапни линкови

Кери охрабрен од ветувањата за помош во борбата против Исламска држава


Американскиот државен секретар Џон Кери рече дека стратегијата за соочување со бунтовниците од Исламска држава доаѓа заедно со меѓународната коалиција што се гради за борба со екстремистичката група. За телевизијата Си-Би-Ес тој рече и дека е исклучително охрабрен од ветувањата за воена помош и од тоа дека некои земји понудиле и копнени трупи. Но тој додаде дека Вашингтон нема да ги координира воздушните напади со сириските владини сили. Изјавата на Кери емитувана денеска е снимена вчера во Каиро, непосредно пред објавувањето на снимката од Исламска држава на која се гледа како бунтовниците го обезглавуваат британскиот хуманитарен работник. Тоа видео пак ги поттикна ветувањата за поголема соработка во коалицијата против Исламска држава во која се и сојузниција на САД од Блискиот исток. Кери ќе учествува и на конференцијата која ќе се одржи утре во Париз и на која земјите од коалицијата ќе дискутираат какви улоги може да заземат во борбата против бунтовниците.

XS
SM
MD
LG