Достапни линкови

Хјуман Рајтс Воч побара истрага за ирачкиот воздушен напад во кој загинаа цивили


Меѓународната организација за заштита на човековите права побара истрага за воздушниот напад на ирачките сили на први септември на училиштето во кое беа згрижени семејства и во кој загинаа 31 цивил меѓу кои 24 деца. Организацијата со седиште во САД ова го соопшти денеска, ден откако ирачкиот премиер рече дека наредил армијата да сопре со грантирањето на бунтовниците во станбените квартови за да се минимизираат цивилните жртви. Инаку воздушниот напад се случи во градот ал-Алам во близина на северниот град Тикрит. Тројца од преживеаните рекоа дека школото згрижувало околу 70 луѓе кои избегале од бунтовниците. Тие рекоа дека таму, ниту во близина на училиштето немало бунтовници или воена опрема за време на нападот. Хјуман Рајст Воч ги цитираат ирачките официјални претставници кои рекле дека пилотот целел кон возило што се движело во близина на училиштето со борци и експлозиви што предизвикало второстепени екслозии.

XS
SM
MD
LG