Достапни линкови

logo-print

Повторно отворен еврејскиот музеј во Брисел


Еврејскиот музеј во Брисел од денеска е повторно отворен за јавноста, откако четири месеци не работеше поради пукањето во кое загинаа четири лица. Повторното отворање беше проследено се церемонија на која присуствуваше и белгискиот премиер Елио ди Рупо. Музејот беше затворен од 24 мај кога вооружен човек пукаше внатре во зградата со калашников и уби израелска двојка, една Французинка и еден Белгиец. Францускиот државјанин Мехди Немуш кој 2013 година ја поминал борејќи се во Сирија со исламските бунтовници е осомничен за нападот.

XS
SM
MD
LG