Достапни линкови

Иран тврди дека има несогласувања во разговорите за нуклеарната програма


Главниот ирански преговарач за нуклеарната програма соопшти дека постоеле несогласувања за сериозни прашања на последните разговори со европските претставници за нуклеарната програма на Техеран. Заменикот министер за надворешни работи Маџид Так Раванши побара од страните да ги почитуваат црвени линии поставени од Иран за постигнување на договор. Изјавата следува откако иранските власти и нивните колеги од Британија, Франција и Германија одржаа состанок минатата недела во Виена. Трите земји-членки на ЕУ формираат и група во која се и САД, Русија и Кина и која треба да ги продолжи разговорите со Иран во Њујорк на 18 месецов. Страните постигнаа времен договор со Техеран минатата година и го зацртаа 24 ноември како краен рок за конечен договор со кој ќе се ограничат иранските нуклеарни активности во замена за тргнување на воспоставените санкции.

XS
SM
MD
LG