Достапни линкови

ОН се закани со укинување на помошта за Авганистан


Обединетите нации се заканија со укинување на помошта за Авганистан доколку нивните вработени се малтретираат. Во објавата на социјалната мрежа Твитер од официјалниот профил на мисијата на ОН во Авганистан се наведува дека заканите и вербалните напади насочени кон Обединетите нации се неприфатливи. Предупредувањето следува откако вчера демонтранти се собраа пред седиштето на ОН во Кабул и ги обвинија за помош во лажирањето гласови. Толпата извикуваше “смрт за ОН”. Обединетите нации ги набљудуваа претседателските избори што се одржаа во јуни, по кои и двајцата кандидати Абдула Абдула и Ашраф Гани прогласија победа и се обвинија меѓусебно за измами. Разговорите за формирање на влада на единство пропаднаа. Авганистанските изборни власти,пак, соопштија дека конечните резултати од изборите ќе бидат објавени следниве недели.

XS
SM
MD
LG