Достапни линкови

Бродови во Индонезија и во Филипини потоаа поради невреме


Во Филипини во тек се обиди за спасување откако поради бурата во Пацифичкиот океан се потопи преполн ферибот при што загинаа најмалку три лица. Властите соопштија дека стотина луѓе се спасени по несреќата што се случи доцна вчера. Капетанот на спасувачите им кажал дека имало 116 луѓе кога бродот бил погоден од силни бранови. Во меѓувреме во Индонезија поради лошите временски услови потона патнички брод при што загинаа најмалку 14 луѓе а 12 се водат за исчезнати.

XS
SM
MD
LG