Достапни линкови

logo-print

Киев ги обвини сепаратистите за загрозување на мировниот процес


Киев ги обвини проруските сепаратисти дека го загрозуваат кревкиот мировен процес во Украина со интензивирањето на нападите врз владините сили и покрај деветдневниот прекин на огнот. Ова денеска го изјави портпаролот на Советот за национална безбедност и одбрана, ден откако украинска војска соопшти дека одговориле на напад од сепаратистите на аеродромот во Донецк. Неговата изјава исто така следува и откако украинскиот премиер Арсениј Јаценјук побара од светските лидери да не му веруваат на рускиот претседател Владимир Путин наведувајќи дека Кремљ сака да ја уништи Украина како независна земја.

XS
SM
MD
LG