Достапни линкови

Пакистанскиот суд им изрече казна затвор на стотина опозициски демонстранти


Пакистанскиот суд нареди сто опозициски активисти да бидат пратени во затвор на две недели поради одржување на нелегални протести. Демонстрантите се собраа пред судот во Исламабад вчера да протетстираат за одлуките, а толпата се разиде мирно по двочасовниот протест. Демонстрантите предводени од поранешната крикет ѕвезда Имран Кан и проповедникот Тахир ул Кадри беа на сосема различни позиции со владата и со недели не попуштаа, а одбиваа и да го напуштат кампот каде што протестираа во Исламабад додека премиерот Наваз Шариф не си поднесе оставка.

Тие го обвинуваат за лажирање на минатогодишните избори со кои се врати на власт. Конфронтациите прераснаа во насилство минатиот месец кога илјадници луѓе протестираа и се обидоа да упаднат во официјалната резиденција на Шариф.

XS
SM
MD
LG