Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја осуди Американец на шест години тешка работа


Северна Кореја соопшти дека го осудила притворениот американски државјанин на шест години тешка работа поради непријателски дела против државата. Државната централна корејска новинска агенција јави дека Метју Милер за виновен бил прогласен денеска поради извршување непријателски дела против Северна Кореја при влегувањето во земјата како што се наведува под маската на турист. Милер беше уапсен откако наводно ја искинал својата виза и побарал азил во април годинава. Северна Кореја држи уште двајца Американци во затвор.


XS
SM
MD
LG