Достапни линкови

Нова група на Мировниот корпус ја почнува својата мисија во Македонија


Во Македонија денеска пристигнува 19-та група волонтерите од американската владина организација Мировен корпус. Групата брои 44 волонтери, коишто во следните две години ќе работат на волонтерска основа во два сектора во Македонија: унапредување на наставата по англиски јазик во основните и средните училишта во државата и во секторот Развој на заедниците во повеќе опшптини и невладини организација низ Македонија. Добредојде на волонтерите утре ќе им посака заменикот амбасадор на Америка во Македонија со што официјано ќе почне нивната 11-неделна интензивна обука, интегрирана во четири заедници и водена од македонски инструктори. За време на 11-те недели, тие ќе живеат во семејства од локалните заедници и ќе ги изучуваат македонскиот и албанскиот јазик, ќе се запознаат со различните култури и традиции во Македонија и ќе се стекнат со вештини и знаења од полето на нивната идна стручна работа во Македонија.

Мировниот корпус е агенција на Владата на САД основана во 1961 година од страна на претседателот Џон Кенеди. Во Македонија е присутна од 1996 година врз основа на меѓудржавен договор.

XS
SM
MD
LG