Достапни линкови

Објавено видео на кое се гледа обезглавувањето на британскиот хуманитерен работник


Доцна вчера е објавено видео на кое како што се тврди се гледа обезглавувањето на британскиот хуманитерен работник од бунтовниците од Исламска држава. Британскиот премиер Дејвид Камерон рече дека очигледното убивање на Дејвид Хејнс е акт на чисто зло и побара да се изведат пред лицето на правдата неговите убијци без разлика колку време ќе треба. Британското министерство за надворешни работи соопшти дека работат на верификација на автентичноста на видеото. Камерон се врати во неговата резиденција на Даунинг стрит и се очекува во текот на денот да одржи состанок со владиниот тим за итни состојби.
Американскиот претседател Барак Обама исто така го осуди убиството на Хејнс нарекувајќи го варварско убиство. Во соопштението Обама наведува дека САД стојат рамо до рамо со Британија во тагата и решеноста. Инаку видеото беше објавено неколку часа откако семејството на Хејнс објави јавна молба до неговите грабнувачи да ги контактираат. Претходно и двајца американски новинари Џејмс Фоли и Стивен Сотлоф беа егзекутирани од припадници на Исламска држава.

XS
SM
MD
LG