Достапни линкови

Невремето во Скопје предизвика застој во сообраќајот


Попладнево Скопје го зафати силно невреме со пороен дожд проследен со град.

Поради обилните врнежи од дожд дојде до застој во сообраќајот во делови во градот. Според УХМР, доцна попладнево и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи.

И во државата се очекува попладне облачноста да се зголеми и најпрво во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи.

Во вечерните часови врнежите ќе се прошират и на останатите делови од земјата.

XS
SM
MD
LG