Достапни линкови

logo-print

Кривични и прекршочни пријави за девет лица во акцијата "Гора"


Пријави против девет лица во четири одвоени случаи се поднесени во рамките на акцијата “Гора” со која треба да се спречи бесправна сеча и продажба на дрва соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Првпат во досегашната судска пракса, нагласи таа, за вакво дело во Судот во Скопје на едно од лицата му е изречена и мерка притвор.

“ Штетата може да се пресметува на различни начини. Ако ја пресметуваме во однос на продажната цена на еден метар кубен огревно дрво, тоа е некаде над 36 илјади евра во последните случаи” рече Јанкулоска.

Од почетокот на акцијата од крајот на јуни годинава досега запленети се над 1.000 кубни метри огрeвно дрво, извршени се контроли во 245 легални складови за огревно дрво ширум земјата при што 49 складови се затворени, додаде Јанкуловска.

XS
SM
MD
LG