Достапни линкови

logo-print

Засилена дебата во пресрет на шкотскиот референдум


Реакциите околу интервенцијата на бизнис лидерите во дебатата за независноста на Шкотска се интензивираат во финалниот викенд за кампањата пред реферндумот што ќе се одржи на 18 месецов.

Доцна синоќа првиот министер на Шкотска Алекс Салмонд рече дека Шкотите нема да дозволат да бидат “малтетирани” од нафтените компании, супермаркетите или Лондон. Дојче банк го спореди можното “да” за шкотската независност со грешките кои доведоа до големата депресија во 1930 година.

Во заедничкото писмо шефовите на трите главни продавници предупредија и дека шкотските потрошувачи може да се соочат со повисоки цени доколку се изгласа независност. Кралската банка на Шкотска соопшти дека планира да го премести своето седиште од Единбург во Лондон во случај да се изгласа независноста. Референдумот е закажан за 18 месецов.

XS
SM
MD
LG