Достапни линкови

Повторно борби во близина на аеродромот во Донецк


Во близина на Донецк повторно се обновија борбите и покрај осумдневниот прекин на огнот меѓу проруските сепаратисти и владините сили во источна Украина. Украинска војска соопшти дека одговориле на нападот на аеродромот во Донецк. Имено градот е контролиран од сепаратистите,а аеродромот од владините сили. Во меѓувреме конвојот возила за кој руските власти тврдат дека носи хуманитарна помош пристигна во Луганск, вториот град контролиран од проруските сепаратисти. Набљудувачите на ОБСЕ на руско-украинската граница сооштија дека 220 возила влегле во Украина. Според нив само 40 камиони биле прегледани од руските царински претставници, а ниту еден не бил контролиран од украинска страна, ниту пак од Меѓународниот црвен крст.

XS
SM
MD
LG