Достапни линкови

Ирачкиот премиер нареди да се сопре гранатирањето во областите во кои има цивили


Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади рече дека и наредил на војската да запре со гранатирањето на населбите контролирани од бунтовниците од Исламска држава за да се заштитат животите на цивилите. На прес конференција во Багдад денеска тој рече дека ја издал наредбата два дена претходно. Но тој побара да продолжи воената операција против бунтовниците од Исламска држава кои заземаа големи територии во северен и западен Ирак во јунската офанзива. Ирачките војници минатите недели преземаа воена операција против бунтовниците која доби поддршка меѓу ирачкото сунитско малцинство. Во борбите, според извештаите има многу загинати и повредени цивили.




XS
SM
MD
LG