Достапни линкови

Вонредна состојба во делови на Хрватска и БиХ поради поројните дождови


Во Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија поради обилните дождови расте водостојот на повеќе реки, а поради опасноста од поплави во некои делови е прогласена и вонредна состојба, јави Танјуг. Во централниот дел на Хрватска, во Карловац, денеска е прогласена вонредна состојба поради високиот водостој на реките Корана и Купа, како и во Цазин во Унско-санскиот кантон на БиХ, каде расте водостојот на Уна и Сана. Во Цазин вчера е прогласена вонредна состојба и локалните жители велат дека досега не паметат вакви поплави. Поројни дождови предизвикаа поплави и на подрачјето на Бихаќ, а водите донесоа големи проблеми на жителите на населните Трнови, Томина и Нова Населба, на подрачјето на Сански мост, додека посебно загрижува константниот раст на реката Сана, соопштено е од Цивилната заштита на Унско-санскиот кантон. Водостојот на реките во Словенија почна да расте во централните и источните делови отако синоќа наврнаа 30 до 80 литри на метар квадратен.

XS
SM
MD
LG