Достапни линкови

Семејството на британскиот заложник испрати порака до бунтовниците од Исламска држава


Семејството на британскиот заложник на кој бунтовниците од Исламска држава му се закануваат со смрт апелираше до неговите грабнувачи да ги контактираат. Во пораката објавена од Форин офисот денеска семејството на Дејвид Хајнс рече дека бунтовниците не одговориле на ниту еден од нивните обиди да стапат во контакт. 44-годишниот Хајнс работеше за Агенцијата за техничка соработка и развој кога беше грабнат во мај во Сирија. Тој работел со хуманитарна помош од 1999 година помагајќи им на жртвите во конфликтите на Балканот, Африка и Блискиот Исток.


XS
SM
MD
LG