Достапни линкови

Градоначалникот на Торонто се повлече од изборната трка поради тумор


Градоначалникот на Торонто Роб Форд се повлече од неговиот обид за повторен избор откако му беше дијагостициран тумор, но неговиот постар брат ќе се натпреварува да го добие градоналничкото место. Форд предизвика светско внимание со видеото на кое тој се гледа дека пуши крек во пијана состојба. Тој одбиваше да се повлече од функцијата, но вчера објави дека се повлекува од кампањата за реизбор откако му било откриено дека има тумор во стомакот. Во соопштението тој наведе и дека се соочува со битка за животот. Непосредно пред крајниот рок за измени во изборите за градоначалник се кандидираше неговиот брат Даг. Тој беше избран за советник во Торонто во 2010 година.

XS
SM
MD
LG