Достапни линкови

Експлозија на автомобил бомба во Пакистан


Во експлозија на автомобил бомба во југозападен Пакистан загинаа најмалку три лица, а 16 се повредени. Полицијата соопшти дека нападот се случил кога возило со војници од паравоената организација Граничен корпус поминувало низ пазарот во главниот град на провинцијата Балучистан. Еден војник и два цивили се убиени, а и повеќето од повредени се исто така цивили. Полицијата соопшти дека бомбата била поставена во автомобил паркиран покрај патот и била детонирана со далечински управувач. Засега ниту една група не ја презема одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG