Достапни линкови

Кери пристигна во Египет


Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Каиро да бара поддршка за меѓународната коалиција против бунтовниците од Исламска држава во Ирак и Сирија. Посетата е последна од регионалната турнеја во чии рамки Кери ги посети Ирак, Јордан, Саудиска Арабија и Турција. Локалните медиуми соопштија дека Кери ќе се сретне со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и со шефот на Арабската лига Набил ал-Араби. Американскиот претседател Барак Обама побара да се се деградира и уништи бунтовничката група Исламска држава, која во последниве месеци освои големи делови од Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG